Брифинг на новиот претседател на Уставен суд
Новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски ќе одржи брифинг за новинарите, на кој ќе ги образложи неговите активности и работата со највисоката судска институција...

Новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски ќе одржи брифинг за новинарите, на кој ќе ги образложи неговите активности и работата со највисоката судска институција, за уставноста и граѓанските права и слободи.
По девет неуспешни избори, тој го доби неопходниот минимум од шест гласови за да може да застане на чело на судот. Костадиновски на функцијата претседател доаѓа по шест и пол години откако е избран за уставен судија. Речиси две децении работел во кабинетот на шефот на државата.
За судија на Уставен беше предложен во 2018-та. Мандатот на новоизбраниот претседател е предвидено да трае до јуни 2027 година, но Костадиновски функцијата ќе мора да ја напушти шест месеци порано, во јануари, кога се навршуваат девет години од неговиот судиски мандат.
