Средношколците од денеска на распуст
Денеска завршува учебната година за средношколците. За основците распустот почнува идниот понеделник...

Денеска завршува учебната година за средношколците. За основците распустот почнува идниот понеделник. Годинава за првпат користеа и пролетен распуст. И овој пат проблеми со свидетелствата, за кои тендерот тежок 120 илјади евра, иако беше објавен во март, до училиштата се доставуваат неколку дена пред крајот на наставата, но и со печатењето на новите учебници.
Од Министерството за образование тврдат, учебници на први септември ќе има. од бирото за развој на образованието потврдија дека од 7-ми до 13-ти јуни ќе трае доставата на свидетелствата за сите ученици од основно и средно училиште, освен за деветтоодделенците и за тие кои завршуваат средно, бидејќи веќе биле доставени во првата половина на мај, заедно со педагошката документација.
