Одбележување на Денот на воздухопловниот ВИНГ
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец ќе биде одбележан денот на воздухопловниот ВИНГ на армијата...

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец ќе биде одбележан денот на воздухопловниот ВИНГ на армијата. На свеченоста најавено е присуство на началникот на генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Министерството за одбрана и армијата и на поранешни команданти и припадници на вингот.
Денот на единицата ќе се одбележи со прелет на воздухопловите кои се дел од единицата и со обраќања на командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски и на началникот на командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
Воздухопловниот ВИНГ го одбележува 10-ти јуни како датум кога во 1992 година се случил првиот лет на воен екипаж од штотуку формираното македонско воено воздухопловство.
