Партијата ГЕРБ е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија
Партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија и на изборите за европратеници-покажуваат прелиминарните резултати од гласањето...

Конзервативната коалиција ГЕРБ-СДС, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, победи на парламентарните избори во Бугарија. Освои близу 25 насто од пребројаните гласови, односно 73 пратенички места во 24-члениот бугарски парламент. Сепак, останува неизвесно дали ќе може да состави владина коалиција.
На второ место, со освоени 16,7 насто од гласовите, е Движењето за права и слободи, а реформистичката коалиција Продолжуваме со промените-демократска Бугарија е трета, со речиси 15 проценти. Бугарите со поделени мислења по изборниот резултат.
„Не сум задоволна од резултатите, но ова беше очекувано. Би сакала повеќе луѓе да гласаат на поинаков начин, па да има вистинска промена, затоа што овие ветувања ги слушаме уште од мали нозе, но веќе не сме деца“, изјави Александра Цекова - жителка на Софија.
„Двете најголеми партии имаат доволно гласови, доволно пратеници и со некои други партии што би било апсолутно в ред. Можат да направат доволно силна коалиција за да владеат, бидејќи сега никому не му требаат повеќе избори“, изјави Светлозар Желев - жител на Софија.
