МРТ: 104 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се 11 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) …
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.
