Израелската офанзива продолжува во Газа
Израелската офанзива продолжува во централниот дел на Газа додека локалното население сè уште ги излекува повредените од под урнатините по нападот во кој загинаа над 270 лица...

Израелската офанзива продолжува во централниот дел на Газа додека локалното население сè уште ги излекува повредените од под урнатините по нападот во кој загинаа над 270 лица. Во Тел Авив политичката криза се продлабочува по оставката на Бени Ганц-член на воениот кабинет и на владата на Нетанјаху.
Тој го обвини премиерот дека го става сопствениот политички опстанок пред безбедносните потреби на земјата. Нетанјаху го повика поранешниот коалициски партнер да не си оди, порачувајќи му дека Израел е во егзистенцијална криза и дека сега нема простор за откажување. Претходно оставка си поднесе и командант на дивизијата на израелската одбрана поради неговата неуспешна улога што довела до нападот на хамас на 7 октомври. Блинкен се враќа на Блискиот Исток додека предлогот за примирје меѓу Израел и Хамас остана неизвесен по последното спасување на заложниците.
„Посветени сме на целосна победа. Не можеме да ја напуштиме областа затоа што тоа е иднината на државата и немаме избор. Колку да разберете, се бориме на седум фронта, вклучително и против Меѓународниот кривичен суд“, изјави Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.
