ДКСК
ДКСК ќе ја одржи шестата седница
10.06.2024 08:55
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи шестата седница преку ZOOM комуникациската платформа...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи шестата седница преку ZOOM комуникациската платформа.
Како што информираат, на дневен ред на седницата се три точки – Предлог записникот од трета седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на 12.04.2024 година и Предлог записникот од петта седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на 21.04.2024 година; Постапување по конкретни предмети и Прашања и предлози.
