ЕУ

Подем за екстремната десница, дебакл за Макрон

10.06.2024 08:29

Десницата постигна подобар резултат од пред пет години, но недоволен за мнозинство. Фон дер Лајен очекува нов мандат откако Европската народна партија освои 186 мандати...

Бурна ноќ во Брисел по изборите за новиот состав на Европарламентот. Десницата постигна подобар резултат од пред пет години, но недоволен за мнозинство. Фон дер Лајен очекува нов мандат откако Европската народна партија освои 186 мандати. Најави дека ќе изгради бастион против екстремите од левицата и десницата.

„Заедно со другите ќе изградиме бастион против екстремите од лево и од десно. Ќе ги спречиме. Ова е сигурно. Она што граѓаните го очекуваат од нас е да испорачаме. Тоа Европа го дава, силна Европа“, изјави Урсула Фон Дер Лјен – претседателка на Европската комисија.

Францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Шолц доживеаја дебакл. Макрон го распушти парламентот и распиша предвремени парламентарни избори во земјата.

„Ова е сериозна и тешка одлука, но пред сè е чин на доверба. Доверба во вас, во способноста на францускиот народ да го направи праведниот избор за себе и за идните генерации“, изјави Емануел Макрон – претседател на Франција.

Во новиот пратенички мандат во 720-члениот парламент, социјалдемократите освоија 133 места, либералите 82, конзервативците 70, Идентитет и демократија 60, а Зелените 53 места.