Фудбал

Аргентина го совлада Еквадор

10.06.2024 09:21

Аргентина со 1-0 го совлада Еквадор во пријателски натпревар, а стрелец на единствениот гол беше Анхел Ди Марија...

Аргентина со 1-0 го совлада Еквадор во пријателски натпревар, а стрелец на единствениот гол беше Анхел Ди Марија.

Клучниот момент се случи во 40. минута кога по една убава акција, Ди Марија со искусна завршница погоди и донесе водство на Аргентина од 1-0, што беше и конечен резултат.

Меси од клупата го почна натпреварот, во игра влезе во 56. минута, токму на местото на Ди Марија.