Тронот на АТП го презеде Јаник Синер
Oд овој понеделник падна од првото место на АТП листата и сега е трет тенисер во светот, а тронот го презеде Јаник Синер...

Новак минатата недела беше 428. на врвот на АТП листата, а иако не е ни малку далеку од Алкараз и Синер и иако го држеше првото место последните 39 недели, многумина не веруваат дека ќе го видиме на врвот повторно. Но, сепак за тоа ќе одлучи српскиот тенисер.
Oд овој понеделник падна од првото место на АТП листата и сега е трет тенисер во светот, а тронот го презеде Јаник Синер. По пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос, младиот 22-годишен Италијанец стигна до 9.525 поени, додека Карлос Алкараз е втор со 8.580 поени. Новак е трет и има 8.360 бодови, а на четвртото место е вториот финалист на Ролан Гарос, Алекс Зверев со 6.885 бодови. Данил Медведев е петти со 6.485 бодови.
Топ 10 ја затвораат Андреј Рубљев, Каспер Руд, Хуберт Хуркач, Алекс де Минор и Григор Димитров.
