Кошарка

Бостон Селтикс се движат кон нова шампионска титула во НБА лигата

10.06.2024 09:39

Кошаркарите на Бостон Селтикс се движат кон нова шампионска титула во НБА лигата, откако по два натпревари на домашен терен против Далас имаат максимален учинок...

Во втората средба од големото финале на најсилната кошаркарска лига во светот, Селтикси триумфираа со 105-98 и се полни со самодоверба пред продолжението на серијата, која се сели во Далас.

Кошаркарите на Бостон Селтикс се движат кон нова шампионска титула во НБА лигата, откако по два натпревари на домашен терен против Далас имаат максимален учинок.

Навивачите на Маверикси беа одушевени кога видоа дека на теренот на „ТД Гарден“ се појави Лука Дончиќ, кој беше неизвесен поради повреда на градниот кош, па се надеваа дека со Словенецот во тимот ќе успеат да направат брејк, но тоа не се случи.