БиХ
Земјотрес со јачина од 3,4 степени регистриран на подрачјето на Мостар
10.06.2024 10:52
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 9.50 часот ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC)...

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 9.50 часот ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри западно од Мостар и пет километри јужно од Широки Бријег, на длабочина од седум километри.
Нема извештаи за материјална штета.
