Фудбал – СП Бразил 2014

Јужноамериканска мундијалска пресметка на Маракана!

28.06.2014 16:31

Во 1962-та година, првиот натпревар на Светските првенства Колумбија го одигра токму против Уругвај, по 64 години, пак, „Ла Селесте“ ќе се вратат на местото на големиот успех, на Маракана во Рио каде што ја освоија втората мундијалска титула. Немало поважен од 39-от меѓусебен дуел, не беше тоа ниту полуфиналето на Копа Америка во 1995-тата, затоа што Колумбија ќе се обиде првпат да влезе во четвртфиналето, а Уругвај седмипат да се најде меѓу осумте најдобри во светот.

Во вкупниот биланс, Уругвајците се поуспешни со 18 победи, 9 нерешени и 11 порази, меѓу нив само еден во последните 8 меча или 10 години кога Колумбија успеа да извлече и само уште едно реми. Во квалификациите за ова првенство, секој славеше дома, Колумбија со 4:0, а Уругвај со 2:0. Единствената мундијалска пресметка им припадна на Уругвајците со 2:1.

Отсуството на Фалкао и не се почувствува во играта на Колумбија којашто ја смени формацијата во 4-2-3-1 и оствари три победи благодарение на разиграниот тандем Родригез – Квардадо кои заедно постигнаа пет гола. „Лос Кафетерос“ се во серија од 10 меча без пораз и последен пат загубија токму од Уругвај пред речиси две години.

Цел Уругвај е на нозе, Суарез е херој на нацијата којашто очекува репрезентацијата да извлече дополнителен мотив во острата казна изречена од ФИФА. Ветеранот Форлан, кој на минатото Светско првенство беше најдобар играч, најверојатно ќе биде во тандем со Кавани како замена за Суарез кој кога на играше, Уругвај ги загуби последните два натпревара на шампионатите. По повредата во првото коло со Костарика, капитенот Лугано повторно ќе остане на клупата.

Само двапати во историјата, овие две репрезентации одиграле 0:0, што е добра најава за дуелот на Маракана, во којшто Колумбија ќе влезе со  9 гола или повеќе од другите репрезентации заедно во Групата Ц, а Уругвај со низа од барем по погодок на девете последни мундијалски мечеви.

Преносот од натпреварот Колумбија – Уругвај ќе биде на МРТ1 во 21.50. Победникот во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Бразил – Чиле.