Регион
Исчезна 11-годишно девојче во Грција, активиран „Амбер алерт“
10.06.2024 12:34
Организацијата „Насмевката на детето“ активира тревога поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија во западниот дел на Грција...

Организацијата „Насмевката на детето“ активира тревога поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија во западниот дел на Грција.
За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата и веднаш по наредба на обвинител бил активиран механизмот за тревога Амбер бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, јавуваат грчките медиуми.
Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри.
