Се урна дел од потпорен ѕид над Детска клиника
Потпорниот ѕид на улицата која минува над Клиничкиот центар, над Детската клиника, се сруши. Информацијата ја потврди и Центарот за управување со кризи ЦУК...

Потпорниот ѕид на улицата која минува над Клиничкиот центар, над Детската клиника, се сруши. Информацијата ја потврди и Центарот за управување со кризи ЦУК.
За овој ѕид, ЦУК алармираше уште пред една година дека постои ризик да се сруши и алармираше до институциите и до Министерството за здравство да го санираат.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кажа дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните. Но денес добиле пријава дека дел од ѕидот се урнал, а дел од ѕидот завршија на улицата. Центарот за управување со кризи информира дека е накосен целиот потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар.
Дополнителен проблем се и подземните води. Доколку ѕидот не се санира постои ризик целиот да се урне, да оштети автомобили кој се паркирани веднаш до ѕидот. Од едната страна на ѕидот има паркинг, а од другата е улица „Белградска“.
