ДКСК: Незаконски се разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија
Антикорупционерите ќе поднесат иницијатива за одговорност до надлежните институции откако утврди дека незаконско било разрешувањето на медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петровскии и за разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски...

Антикорупционерите ќе поднесат иницијатива за одговорност до надлежните институции откако утврди дека незаконско било разрешувањето на медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петровски од министерот за здравство Илир Демири. Демири го сторил ова пред завршувањето на изборниот процес и без амин на управниот одбор, констатира Антикорупциска.
Незаконски било и склучувањето на договори на дело со 18 лица на клиниката на кои им престанал работниот однос, бидејќи биле потпишани наместо од двајцата само од организацискиот директор Бесија Иљази. Претходно и здравствените инспектори утврдија неправилности при постапката.
Заменик министерката за здравство Маја Манолева, пак, остварила средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Токсикологија за да добие предлог за именување медицински директор. Од каде добила уверување дека во најбрзо време ќе достават предлог до Министерството за здравство.
Антикорупционерите утврдија повреда на законите од министерот за здравство и при разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски. И за овој случај ќе биде доставена иницијатива за одговорност.
Фиљана Кока
