Костадиновски сака да ја врати довербата на граѓаните, најави засилен судски активизам
Прв брифинг на новинарите со новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Смета дека со нов деловник од септември ќе има поефикасно работење на институцијата...

Враќање на довербата кај граѓаните во Уставниот суд и во правната држава, преку поголема независност и транспарентност на судот, отфрлање на влијанија и судски активизам, ова се приоритетите на новиот претседател Дарко Костадиновски. На седница ќе се оценува уставноста на постапки како неодамнешното извршување на две функции, почитување на уставното име и оставениот Закон за употреба на јазиците.
„Во наредниот период можете да очекувате судски активизам. Не можам сега. Ве уверувам ќе имаме засилен судски активизам“, изјави Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд.
Првиот човек на Уставниот суд ќе побара носење системски закон за Уставниот суд со кој ќе се гарантираат самостојноста и независноста на судот. Најави воведување уставна тужба и жалба за поголема заштита на слободата и правата на граѓаните. Ќе има и соработка со науката за уставните судии да носат подобри одлуки.
Ирина Гелевска
