Економија

Дел од овошјето чека извоз, дел скапува на нивите

10.06.2024 14:41

Земјоделските производи скапуваат во магацините. Поради руската забрана за извоз, македонските трговците за 4 месеци загубија 4 милиони евра...

Дел од овошјето чека извоз во ладилници. Дел скапува на нивите. Мали количини се извезуваат. Производната цена е повисока од откупната. Овоштарите апелираат до институциите што поскоро да обезбедат пласман. Русија со години важеше за најголем увозник на овошје од Македонија, но веќе втора година овој пазар ни е недостапен.

Штети трпат и трговците кои извезуваа во Русија. Бараат да се најде правен механизам со кој ќе се заштитат компаниите кои извезуваат во оваа земја, бидејќи според проценките загубите се од два до три милиони евра.

Иако економијата е тесно поврзана со политиката, официјалната причина за забраната е постоењето инсект кој предизвикува штета на плодот и влијае на човечкото здравје – објаснува директорот на македонско-руската комора Бешлиев. Како комора се подготвени да им помогнат на компаниите во наплата на побарувањата.

Ако во првите четири месеци од минатата година извозот изнесувал околу 20 милиони евра, во истиот период годинава изнесува за 20-отсто помалку или околу 16 милиони евра.

 

Александра Велинова