Избори

ЦГК: Гласањето на дијаспората чинело повеќе од испечатените ливчиња за сите гласачи

10.06.2024 14:47

Државната изборна комисија за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки вредни 3.4 милиони евра...

Државната изборна комисија за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки вредни 3.4 милиони евра.

Тендерот за гласањето на дијаспората чинел повеќе отколку печатењето на сите ливчиња за гласачите. Ова го покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации, според кој вредноста на постапката за двојните избори e поголема за 767 илјади евра од онаа за претседателските избори во 2019 година и за предвремените парламентарни избори во 2020 година. Дури 41% од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас се вели извештајот.

За првпат во овој изборен циклус комисијата склучила 4 рамковни договори со период на важност од 36 месеци во кои е наведено дека ги опфаќаат не само изборите годинава, туку и локалните избори за идната година, се додава во анализата на Центарот за граѓански комуникации.