Ограничен капацитет на Хирушки клиники, пациенти се препраќаат на „Св. Наум Охридски“ и „8-ми Септември“
Две клиники, Св. Наум Охридски и „8-ми Септември“, мака мачат бидејќи не застанува напливот на пациенти. Сите итни случаи се препреќаат во овие две клиники. На Хируршки треба да биде отворена уште една сала, со што ќе се растовари метежот…

Службата за заеднички работи треба да даде предлог за решавање на проблемот на клиниките со компресорите.
Оваа постапка ќе потрае, велат во телефонски разговор од заеднички служби за МТВ, бидејќи треба да се направи план, студија, надлежните треба да обезбедат пари. Ова може да се реши, но ќе треба време.
Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8-ми Септември“ чекаат медицински кадар поради зголемениот обем на работа кој го имаат речиси еден месец. Со дополнителните надворешни и внатрешни компресори на Хируршките клиники работат неколку сали, но обемот на работа е едвај 30 проценти, за разлика од пред еден месец кога се оперирале по 100 пациенти дневно.
И пациентите и лекарите стравуваат дека листите на чекање ќе бидат проширени.
Наташа Јанчиќ – Менковски
