Блиски Исток
Блинкен во посета на Блискиот Исток со план за прекин на огнот
10.06.2024 15:06
Американскиот државен секретар Блинкен во нова посета на Блискиот Исток...

Американскиот државен секретар Блинкен во нова посета на Блискиот Исток. Во фокусот на средбата во Каиро, предлогот за примирје во Газа. Продолжува и израелската офанзива во централниот дел на енклавата додека од под урнатините сè уште се извлекуваат повредените по нападот во кој загинаа над 270 луѓе.
Во Тел Авив, политичката криза се продлабочува по оставката на Бени Ганц. Нетанјаху го повика поранешниот коалициски партнер да не си оди, порачувајќи му дека Израел е во криза и дека нема простор за откажување.
