Патријархот Вартоломеј се надева на решавање на црковниот спор
28.06.2014 17:34
Вселенскиот патријарх Вартоломеј се надева дека во блиска иднина ќе се реши црковниот спор со непризнавањето на афтокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. На средбата со спикерот Вељаноски во Истанбул искажал искрени желби и за што поскоро изнаоѓање решение за спорот со името...
Во блиска иднина решавање на црковниот спор и изнаоѓање решение на прашањето со името. Вакви надежи и очекувања изразил вселенскиот патријарх Вартоломеј на средбата со Претседателот на Собранието Вељаноски овде во Цариградската патријаршија.
Вартоломеј со став дека оваа официјална посета е знак на добриот однос што Македонија го има со Турција. Претседателот на Парламентот потецира дека за македонскиот народ, христовото учење и православието се еден од столбовите на националниот, културниот и јазичниот идентитет. Вељаноски пренесе поздрав од поглаварот на МПЦ Господин Господин Стефан и упати покана Вартоломеј да ја посети Македонија. Му подари и икона со ликот на Богородица.
На средбата на спикерот Вељаноски со турскиот претседател Ѓул потврдени пријателските односи меѓу двата народа.Соговорниците се согласиле дека економската благосостојба е важна за развој на една нација. Македонија има силен потенцијал за инвестирање,а во Турција и лобисти за привлекување странски бизнис,потенцирал Ѓул.Безрезервна е турската подршка за нашето членство во НАТО, за што Ѓул лично се заложува. За тоа разговарал и со генералниот секретар на Алијансата Расмусен.
Претседателот на Парламентот истакнал дека и покрај економската криза,Македонија има добар економски раст,а очекува и повеќе турски инвестиции.
Претседателот на Собранието Вељаноски ја заврши дводневната официјална посета на Турција. Покрај добрите економски релации,за продлабочување на политичките односи,важна улога ќе има и собраниската комисија за меѓусебна соработка,што наскоро треба да се формира.
Милчо Велески, специјален известувач од Истанбул за МРТ
