Средба Гаши - Агелер
На средбата, биле поздравени долгогодишните и силни билатерални односи меѓу двете држави. Била нагласена важноста од одржување и натамошно зајакнување на овие односи кои се од заеднички интерес на двете земји...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер. На средбата, биле поздравени долгогодишните и силни билатерални односи меѓу двете држави. Била нагласена важноста од одржување и натамошно зајакнување на овие односи кои се од заеднички интерес на двете земји.
Гаши истакнал дека е многу важна улогата на Македонија и САД во промовирање на регионалната стабилност и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан.
Тој информирал дека македонското Собрание претседава со Парламентарното собрание на процесот за соработка во Југоисточна Европа и од 18-ти до 20-ти јуни 2024 година во Собранието ќе се одржи 11-та пленарна сесија на Парламентарното собрание на процес за соработка во Југоисточна Европа што претставува уште еден знак на посветеност на земјата за продлабочување на регионалната соработка – се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.
