свет
90 земји ќе учествуваат на мировната конференција за Украина
10.06.2024 20:12
Русија не учествува. Од Москва велат дека ќе се вклучат во мировни разговори само ако се земат в предвид случувањата на теренот и напредокот на руските сили...

Швајцарија соопшти дека 90 земји и организации ќе присуствуваат на дводневната мировна конференција за Украина в сабота. Русија не учествува. Од Москва велат дека ќе се вклучат во мировни разговори само ако се земат в предвид случувањата на теренот и напредокот на руските сили.
Во меѓувреме, САД објавија дека заедно со Полска ќе и помогнат на Украина да се спротивстави на руските дезинформации во моменти кога на фронтот и натаму двете страни известуваат за напади со беспилотни летала.
