ОН

Советот за безбедност на ОН го усвои предлогот на Бајден за прекин на огнот во Газа

11.06.2024 08:58

Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата...

Советот за безбедност на Обединетите нации го поддржа предлогот на претседателот Џо Бајден за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во појасот Газа. Ги повика палестинските милитанти да го прифатат договорот, кој има за цел да стави крај на војната.

„Овој совет и земјите од целиот регион го поддржаа договорот. Хамас сега може да види дека меѓународната заедница е обединета. Обединети зад договорот што ќе спасува животи и ќе им помогне на палестинските цивили во Газа да почнат да се обновуваат и заздравуваат“, изјави Линда Томас-Гринфилд – Амбасадор на САД во Обединетите нации

Од Хамас ја поздравија резолуцијата подготвена од САД и велат дека се подготвени да соработува со посредниците за спроведување на планот.