Скопје
Тешка сообраќајка во Скопје
11.06.2024 09:04
Тешка сообраќајна несреќа се случила нешто пред полноќ кај скопска Цементарница, во населбата Кисела Вода. Автомобилот марка „БМВ“ бил речиси преполовен откако удрил во бетонска бандера...

Тешка сообраќајна несреќа се случила нешто пред полноќ кај скопска Цементарница, во населбата Кисела Вода. Автомобилот марка „БМВ“ бил речиси преполовен откако удрил во бетонска бандера.
Според првичните информации, возачот кој управувал со автомобилот се здобил со тешки повреди и итно е пренесен во болница. Во моментов нема дополнителни информации околу неговата здравствена состојба.
