Русија
Се урна руски бомбардер, при што загина екипажот
11.06.2024 09:08
Руски суперсоничен ловец – бомбардер се урна во планините на Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот...

Руски суперсоничен ловец – бомбардер се урна во планините на Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот, објавија руските новински агенции. Од руското министерство за одбрана информираа дека авионот се урнал во северна Осетија-Аланија, во напуштена област.
Засега не е познато колку луѓе имало во авионот.
