МЕФ

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум

11.06.2024 09:16

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот...

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан.

На отворањето на форумот се најавени обраќања на мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Дејвид Гир, извршниот директор на ЗИП институт Агим Селами и директорот на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан - Анди Добруши.

МЕФ е врвен настан во енергетската индустрија, кој ги обединува иноваторите и водечките експерти на дебати за најновите случувања во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и одржливите практики.