Француските левичарски партии најавија заеднички настап на парламентарните избори
Крајната десничарската партија „Национален собир“, чиј основач е Марин ле Пен ќе биде победник на предвремените парламентарни избори во Франција, но нема да освои апсолутно мнозинство – ова го покажуваат првичните анкети по неочекуваната одлука на претседателот Макрон...

Крајната десничарската партија „Национален собир“, чиј основач е Марин ле Пен ќе биде победник на предвремените парламентарни избори во Франција, но нема да освои апсолутно мнозинство – ова го покажуваат првичните анкети по неочекуваната одлука на претседателот Макрон да го распушти парламентот. Предвремените избори за долниот дом на парламентот треба да се одржат на 30 јуни, а вториот круг е закажан за 7 јули.
Според анкетите, евроскептична партија „Национален собир“ би освоила 235 до 265 места во Националното собрание, што претставува голем скок од сегашните 88 места, но помалку од потребните 289 пратеници за апсолутно мнозинство и не е сигурно дека ќе ја предводи владата.
Центристичката алијанса на Макрон се очекува да освои значително помалку места отколку досега. Француските левичари, пак, најавија заеднички настап.
