Регион

Серија земјотреси го погодија Крит за помалку од половина час

11.06.2024 09:29

Најмалку три земјотреси утринава го погодија грчкиот остров Крит за помалку од половина час, јавува EMSC...

Најмалку три земјотреси утринава го погодија грчкиот остров Крит за помалку од половина час, јавува EMSC.

Првиот земјотрес е регистриран во 7 часот и 57 минути по наше време и бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Само три минути подоцна, точно во 8 часот, на Крит има нов земјотрес, со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес досега е регистриран во 8 часот и 17 минути, исто така на овој грчки остров. Имаше јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, пренесува EMSC.