Корејски Полуостров
Јужна Кореја со предупредувачки истрели кон севернокорејски војници
11.06.2024 09:42
Војската на Јужна Кореја со предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои ја пробиле меѓукорејската граница, најверојатно по грешка, соопшти Генералштабот во Сеул...

Војската на Јужна Кореја со предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои ја пробиле меѓукорејската граница, најверојатно по грешка, соопшти Генералштабот во Сеул.
Инцидентот се случи само неколку часа пред Јужна Кореја да продолжи со емитување пропаганда на границата против властите во Пјонгјанг, како одговор на севернокорејската кампања за пуштање балони со смет преку границата.
Се проценува дека Пјонгјанг испратил повеќе од 1.600 балони од 28-ми мај како одговор на антисевернокорејските летоци испратени од јужнокорејски активисти.
