Грција

Исчезнатото 11-годишно девојче од Грција пронајдено мртво

11.06.2024 09:54

11-годишната Василики Николопулу, која исчезна во Грција, била пронајдена мртва и избодена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал делото, пренесуваат медиумите во регионот...

11-годишната Василики Николопулу, која исчезна во Грција, била пронајдена мртва и избодена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал делото, пренесуваат медиумите во регионот.

Девојчето исчезнало од областа Миртија во Пиргос, а е пронајдено во областа Катарача со убодни рани на вратот.

Исчезнувањето на 11-годишното девојче го пријавила нејзината мајка и издаден бил аларм со предупредување дека се смета дека девојчето е во животна опасност.

Безживотното тело на девојчето е пронајдено денеска, а набрзо во полициска станица бил донесен и вујкото на детето, кој на рочиштето признал дека со својот автомобил го убил детето што го зел прексиноќа.

Службениците за обезбедување на Пиргос на снимката од надзорните камери виделе дека 11-годишната девојка влегла во автомобилот на нејзиниот вујко и дека заедно ја напуштиле Миртија.

Нејзиниот вујко наводно ја прободел со шрафцигер во вратот.

Инаку, според грчките медиуми вујкото и претходно бил обвинет за силување малолетничка.