Форум енергетика

Зелена енергија за поголема независност

11.06.2024 11:26

Во Скопје попладнево се одржува седмиот Македонски енергетски форум. Пораката која беше испратена оттаму е јасна – Македонија се наоѓа во комплексен енергетски пејзаж и затоа, енергетска независност и зелената енергија треба бидат издигнати на натпартиско ниво, за да може да се реализираат долгорочни инвестиции...

Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритети кои треба да ги надминат партиските политики порача амбасадорката на САД во земјава Агелер од Енергетскиот форум. Безбедната енергетска иднина бара дополнителни иновации и напредок на бројни проекти вклучувајќи го завршувањето на македонско грчкиот гасовод, додаде Агелер.

И евроамбасадорот Гир порача Македонија да биде еден од лидерите во опкружувањето во борбата со глобалното затоплување. Руско украинската војна ја надополни зависноста од обновливи извори на енергија затоа до 2030 треба да се постигне енергетска разновидност. Директорот на отворено општество, пак, Добруши посочи дека освен финансиите и други фактори треба да се вклучат во оваа битка.

Мандатарот за состав на влада Мицкоски најави дека приоритетно ќе биде балансирањето на енергетското тргување и креирањето одржливи решенија во следниот период за реорганизација на нашиот пазар на електрична енергија.

МЕФ е седми по ред и е врвен настан во енергетската индустрија, кој ги обединува иноваторите и водечките експерти.

 

 

Фиљана Кока