Тајланд

Стотици животни загинаа во пожар на познат тајландски пазар

11.06.2024 11:52

Пожар го зафати еден од најпознатите пазари во Тајланд. Стотици животни, чувани во кафези-угинаа...

Пожар го зафати еден од најпознатите пазари во Тајланд. Стотици животни, чувани во кафези-угинаа. Официјални лица велат дека повеќе од еден час им бил потребен да ги стават пламените јазици под контрола.

Се истражуваат причините. Викенд пазарот во Тајланд е туристичка атракција која носи купувачи од целиот свет.

Организациите за диви животни обвинуваат дека продавачите се вмешани во трговијата со ретки и загрозени видови.