Политика

Почна кампањата за внатрепартиски избори во СДСМ

11.06.2024 12:25

Во СДСМ и официјално почна кампањата за внатрепартиските избори.Освен Филипче, во трка за лидерската позиција во СДСМ се и пратеничката Славјанка Петровска, првиот човек на слободните зони Јован Деспотовски, како и заменик-министерот во информатичко општество и администрација во заминување, Александар Бајдевски...

Во СДСМ и официјално почна кампањата за внатрепартиските избори. Кандидатот Венко Филипче соопшти дека пред членовите на партијата во Охрид и во Струга ја претставил програмата. Тој смета дека им е потребна ефикасна и функционална партиска организација, којашто ќе работи во интерес на членовите и на граѓаните, поголема демократизацијата на изборот на претседатели на општински организации, односно, тие да се избираат на внатрепартиски избори, на ист начин како и претседателот на партијата.

Освен Филипче, во трка за лидерската позиција во СДСМ се и пратеничката Славјанка Петровска, првиот човек на слободните зони Јован Деспотовски, како и заменик-министерот во информатичко општество и администрација во заминување, Александар Бајдевски.