Скопје

Граѓаните од Скопје се жалат на наезда од змии

11.06.2024 13:31

Граѓаните исплашени, секојдневно споделуваат информации за влекачи кои стигнале и до населени места...

Во овој период од годината има наезда на змии. Граѓаните исплашени, секојдневно споделуваат информации за влекачи кои стигнале и до населени места. Центарот за управување со кризи советува – доколку имаат потреба, граѓаните да се јават на 112 по што веднаш ќе бидат поврзани со брза помош, но, оттаму потсетуваат дека змиите се дел од природата и не треба да се убиваат. 
 
Борис Грујоски известува.