Образование

Уште една година без сите учебници

11.06.2024 13:57

Завршува уште една учебна година со старите проблеми – учениците повторно останаа без книгите. Дел воопшто ги немаше, други имаа грешки. Невладините критикуваат, од МОН со ново уверување – идната година ќе го нема овој проблем...

Без учебници ја почнаа, без печатени учебници по дел од предметите и ќе ја завршат учебната година. Со ова, на учениците им се скратува едно од основните права, правото на квалитетно образование. Од „Меѓаши“ ова го оценуваат како несериозно и очекуваат МОН следната година да ја исправи грешката.

Државниот советник за образовни политики пак, Сафет Незири, тврди дека Министерството за образование и наука не е виновно поради тоа што нема учебници, бидејќи Националната комисија ги одобрува.

Тоа не е единствениот проблем со кој се соочуваат учениците. Булингот, врсничкото насилство, самоповредувањето, сè почесто се присутни во училиштата.

Досега над 300 професори и 50 средни училишта се вклучени во процесот на мировно образование.

 

Александра Велинова