Правда

Министерството за правда скрои предлог-измени на Законот за Судски совет

11.06.2024 14:01

Работната група при Министерството за правда ги изготви предлог-измените на Законот за Судски совет, направени врз основа на препораките на Оценската мисија на ЕУ. Со нив се утврдува постапката за индивидуална дисциплинска одговорност на членовите на советот, и се дефинираат причините поради кои може да се иницира постапка. Целта е да се зајакнат независноста на судството, како и професионалноста и одговорноста на членовите на Судскиот совет, велат од Министерството за правда...

Изготвени предлог-измените на Законот за Судски совет. Работната група ги подготви врз основа на препораките на Оценската мисија на ЕУ. Со нив се утврдува постапката за индивидуална дисциплинска одговорност на членовите на Советот, а се дефинираат и причините поради кои може да се иницира постапка. Од Правда велат – целта е да се зајакнат независноста на судството, професионалноста и одговорноста на членовите на Судскиот совет.

„Со измените се предвидува да се зголеми судискиот стаж од шест на 15 години како услов за членовите на Судскиот совет, да се зголеми работното искуство, а се воведува и изборен цензус за изборите за членови на Судскиот совет. За да биде избран, кандидатот треба да добие над половина од гласовите од излезените гласачи“, стои во соопштението од Министерство за правда.

Министерот за правда во заминување Лога, смета дека ЕУ и САД нема да се согласат со распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, нешто што го најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За 17 препораки, од оценската мисија, кои се однесуваат на подобрување на праксата и работењето на самиот совет, без никакви законски измени, членовите на Судскиот совет веќе направија измени на Дловникот за работа, како и на правилникот за рангирање на кандидати за избор на судија во повисок суд, а усвоија и нова комуникациска стратегија за поголема транспарентност.

 

 

Наташа Гркова-Петрушевска