Македонија
Сè почеста e појавата на змии
11.06.2024 14:07
Во овој период од годината има наезда на змии. Граѓаните исплашени, секојдневно споделуваат информации за влекачи кои стигнале и до населени места...

Топлото време ги разбуди змиите во природата. Ама, доаѓаат и од урбаните средини. Граѓаните исплашени споделуваат фотографии на социјални мрежи.
Од ЦУК велат – сите итни случаи да се пријавуваат на 112, особено кога станува збор за животозагрозувачки ситуации. И биолозите апелираат да се внимава.
Без разлика, дали змиите бараат храна, засолниште или вода, според биолозите, змиите можат да бидат привлечени од одредени мириси.
Змиите се дел од природата и не треба да се убиваат.
Борис Грујоски
