Македонија
Наставник натепал ученик во Боговиње, Шаќири го осуди инцидентот и најави казна
11.06.2024 16:45
Инцидентот се случил пред една недела, а таткото на детето пријавил во полиција...

Наставникот по физичко во Основното училиште „Абдил Фрашери“ во Боговиње натепал ученик. Инцидентот се случил пред една недела, а таткото на детето пријавил во полиција. 42-годишниот наставник бил приведен и против него ќе биде поднесена пријава.
Министерот во заминување Шаќири го осуди настанот и рече дека лично ќе учествува во процесот на мониторинг и инспекција преку надлежните институции и ќе бара одговорност и максимална казна. Дел од локалните медиуми на албански јазик, кои разговарале со родителот, пренесоа дека ученикот бил со аутизам.
