туризам

Во периодот јануари – април, бројот на туристи зголемен за над 15 проценти

11.06.2024 18:10

Во периодот јануари – април, бројот на туристи е зголемен за над 15 проценти...

Ако се суди по бројките на Државната статистика, годинава треба да имаме добра туристичка сезона. Во периодот јануари – април, бројот на туристи е зголемен за над 15 проценти. Раст има и кај домашните и кај странските гости, кај странските за 19 отсто.

Во април се регистрирани речиси 82 илјади туристи, од кои 77 проценти биле странци. Во просек, во земјава се задржувале по два дена.