САД
Хантер Бајден прогласен за виновен
11.06.2024 20:13
Хантер беше беше обвинет за давање лажни изјави при купување оружје во октомври 2018 година и прикривање на неговата зависност од дрога во тоа време...

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден е прогласен за виновен по сите три обвиненија во федерално судење за оружје. Хантер беше беше обвинет за давање лажни изјави при купување оружје во октомври 2018 година и прикривање на неговата зависност од дрога во тоа време.
Тој може да се соочи со затворска казна до 25 години и парична казна до 750.000 долари. Сепак, не е јасно колку тешка казна ќе изрече одговорниот судија, бидејќи Хантер Бајден нема криминално досие.
Американскиот претседател претходно изјави дека нема да го помилува својот син во случај на осуда.
