Македонија

Маричиќ на работилница на ТАИЕКС во Белград

11.06.2024 21:00

Во своето обраќање тој ја истакна важноста на регионална работилница, каде што се продолжуваат дискусиите за Европската Унија, перспективата на регионот и напредокот на нашите земји во процесот на пристапување, со фокус на искуствата на земјите кандидати и земјите членки...

Првиот заменик-претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со свое обраќање на работилницата за повеќе земји на TAIEX, на темата „Како да се постигне успех во пристапниот процес кон Европската Унија: Најдобра пракса, напредок и предизвици на земјите кандидати со фокус на основите на Кластер 1 – Реформа на јавната администрација во Северна Македонија.“

Во своето обраќање тој ја истакна важноста на регионална работилница, каде што се продолжуваат дискусиите за Европската Унија, перспективата на регионот и напредокот на нашите земји во процесот на пристапување, со фокус на искуствата на земјите кандидати и земјите членки.

Вицепремиерот Маричиќ го нагласи успешно завршениот Скрининг процес на почетокот на декември 2023 година во кој беа вклучени околу 1000 лица од околу 200 национални институции и 850 презентации подготвени во временски период од околу 15 месеци.

Вицепремиерот Маричиќ во излагањето нагласи дека по официјалното писмо од шпанското претседателство со кое се повика Владата да подготви патоказ за владеење на правото, придружен со Акционен план за заштита и унапредување на правата на припадниците на националните малцинства или заедници кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија и Патоказот за РЈА, Владата ги одобри документите и тие беа споделени со ЕК на 27 декември 2023 година.

Документите беа подготвени на инклузивен и транспарентен начин со вклученост на сите релевантни институции и консултирани со релевантните тела во Собранието (Националниот совет за интеграција во ЕУ и Комитетот за европски прашања) со граѓанскиот сектор, бизнис секторот и академијата.

Дополнително, во завршна фаза е изготвувањето на Патоказот за функционирање на демократските институции (кој не е воведен репер, туку е услов) кој ги опфаќа областите на изборите, работата на парламентите и граѓанското општество.

Модернизацијата и унапредувањето на државата и јавната администрација се гледаат како основа на целиот јавен сектор од кој зависат процесите и развојот во секое демократско општество.

Значењето и улогата на Реформи на јавната администрација дополнително се зајакнаа со новата методологија за пристапување од 2020 година, при што реформата на јавната администрација за првпат беше воведена како област во пристапните преговори.

За крај вицепремиерот нагласи дека реформата на јавната администрација заедно со управувањето со јавните финансии се исто така приоритетни области во рамките на Реформската агенда на Планот за раст. Исполнувањето на Реформската агенда ќе биде основа за исплата на помошта. Планот за раст за Западен Балкан ќе обезбеди забрзано доближување на нашите економии и намалување на разликите со економиите на членките на ЕУ.

На работилницата учество земаа министрите за европски прашања на земјите кандидати за ЕУ, претставници од ТАИЕКС при Европската Комисија, претставници на земји членки на ЕУ и други релевантни експерти.