Политика
Објавени дел од имињата на министрите
11.06.2024 19:41
Според Таравари, коалицијата „Вреди“ ќе добие пет ресори од кои три министри и две вицепремиерски места...

Составот на новата Влада веќе ги помина сите филтри. Политичките партии се очекува во следниот период да ги откријат имињата кои ќе ги предводат ресорите. Според Таравари, коалицијата „Вреди“ ќе добие пет ресори од кои три министри и две вицепремиерски места. Дали има нови информации за новиот состав на „Илинденска“, известува Ирина Гелевска.
