Нови санкции за Русија на самитот Г7
Од Вашингтон велат дека на состанокот на Г7 што почнува утре во југот на Италија ќе биде истакната посветеноста кон Украина...

Русија изврши воздушен напад врз Киев со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала. Предупредувањето за воздушен напад траело неколку часа низ Украина, вклучително и пограничните региони на границата со Полска. Од Вашингтон велат дека на состанокот на Г7 што почнува утре во југот на Италија ќе биде истакната посветеноста за Украина.
САД ќе објават нови санкции и извозни контроли против Русија. Киев и сојузниците вчера побараа поддршка за заштита на украинските градови од руски ракети на конференцијата во Берлин.
„Ќе и помогнеме на Украина да се закрепне од уништувањето што армијата на г. Путин го предизвика. Ќе разговараме за нашата силна поддршка за Украина сега и во иднина, и неколку од обврските што лидерите на Г7 ги презедоа до денес. Акциите ќе бидат насочени кон ентитетите и мрежите кои и помагаат на Русија да го набави она што и е потребно за нејзината војна“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.
Земјите од Европската унија ќе префрлат 100 дополнителни ракети на украинскиот противвоздушен систем „Патриот“. Ракетите ќе ги пренесе Германија заедно со Данска, Норвешка и Холандија. Украина и сојузниците вчера побараа поддршка за заштита на украинските градови од руски ракети на конференцијата во Берлин и ги повикаа меѓународните бизниси да ја вложат својата доверба и милијарди долари во повоената реконструкција.
