Израел

Поздравена резолуцијата за прекин на огнот во Газа

12.06.2024 08:59

На хуманитарната конференција за Газа во Јордан, Генералниот секретар на Обединетите нации, вели дека е крајно време за прекин на огнот. Изјавата следи еден ден откако Советот за безбедност со големо мнозинство ја одобри резолуцијата за ставање крај...

На хуманитарната конференција за Газа во Јордан, Генералниот секретар на Обединетите нации, вели дека е крајно време за прекин на огнот. Изјавата следи еден ден откако Советот за безбедност со големо мнозинство ја одобри резолуцијата за ставање крај на осуммесечната војна меѓу Израел и Хамас.

„Ужасот мора да престане. Крајно време е за прекин на огнот заедно со безусловно ослободување на заложниците. Ја поздравувам мировната иницијатива. Ги повикувам сите страни да ја искористат оваа можност и да постигнат договор и да ги почитуваат обврските од меѓународното хуманитарно право“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации.

Претходно, од Хамас потврдија дека ја прифаќаат резолуцијата за ставање крај на војната и се подготвени да преговараат за деталите.