Шпанија

Поплави на шпанскиот остров Мајорка

12.06.2024 09:12

Преполните одводни канали го блокираа сообраќајни во градот Палма де Мајорка...

Изобилните дождови предизвикаа поплави на шпанскиот остров Мајорка. Преполните одводни канали го блокираа сообраќајни во градот Палма де Мајорка.

Поплавен е и аеродромот, трет по големина во Шпанија. Властите активираа план за итни случаи и летовите до Мајорка беа привремено пренасочени на алтернативни аеродроми.