МВР
Санкционирани 123 возачи во Скопје
12.06.2024 09:33
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, информираат од МВР.
Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
