Комитет за безбедно мајчинство за намалување на смртноста кај доенчињата

29.06.2014 17:52

Иако во последните години се намалува смртноста на доенчињата, бројките ги мобилизираа лекарите. Формиран е Комитет за безбедно мајчинство кој треба да утврди дали навреме се третира мајката, дали постојат фактори на ризик од предвремено раѓање...

Веднаш по породување или во првата недела од животот во Македонија годишно умираат околу 200 бебиња. Најчестата причина е предвременото раѓање. Се почесто третираме бебиња родени на крајот на 6 - от месец, вели доктор Софијанова. Овие бебиња се со ниска родилна тежина, а имаат и вродени аномалии. Иако во последните години се намалува смртноста на доенчињата, бројките ги мобилизираа лекарите.  Формиран е Комитет за безбедно мајчинство кој треба да утврди дали навреме се третира мајката, дали постојат фактори на ризик од предвремено раѓање.

„Во пораст е вештачкото оплодување е исто така понекогаш е еден од факторите на ризик, кој го зголемува ризикот и кај мајката и кај плодот.  Инфекциите кај мајките може да предизвикаат сериозни проблеми кај бебињата“, смета доц. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести, член на Комитетот за безбедно мајчинство.

Мора да се реши проблемот со недостиг на гинеколози кои се претежено во градовите. Се разгледуваат и опциите за поголема грижа и подобар третман на родилките и новодоренчињата во целата држава, на пример кога е најдобро мајката да се транспортира на Клиниката за гинекологија.

„Можеби идејното решение ќе биде создавње една неонатална интензивна клиника во склоп на нашата клиника, да се прошириме и да се справиме со проблемот - смртноста на новороденчиња“, вели д-р Софијанова.

Смртноста кај новороденчињата е глобален проблем. Просек кај нас е сличен со тој во земјите во регионот. Во Хрватска и во Грација има 5 мртви на 1000 живородени. Во Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора има 7 починати на 1000 новороденчиња. Според податоците на комитетите за безбедно мајчинство во Бугарија и во Романија на 1000 новороденчиња има 12 смртни случаи. 

Наташа Јанчиќ