Јужна Кореја
Земјотрес ја потресе Јужна Кореја
12.06.2024 10:44
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јужна Кореја...

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јужна Кореја.
Причинета е мала материјална штета на зградите, додека пак нема повредени.
Земјотресот се случи во Буан, на длабочина од осум километри.
Националната агенција за пожари соопшти дека биле регистрирани осум помали материјални штети во Буан и соседниот град Иксан, каде што биле напукнати ѕидовите на некои куќи.
